Сите пациенти во Србија се во животна опасност


„Сите пациенти имаат сериозни повреди опасни по живот. Од осумте, тројца се на респиратор, односно им е потребна механичка вентилација. Површината на телото зафатена со повреди од изгореници е до 25%. Нагласувам дека сите имаат симптоми на интоксикација и изгореници на респираторниот тракт, и затоа се во животна опасност“, вели Проф. д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, КЦС за РТС.
Во тек се и консултации со неврохирурзи, ОРЛ специјалисти, пулмолози, како и радиолошки прегледи.
„Сите се згрижени, стабилни се, со стабилни витални параметри. Што се однесува до пациентите оперирани претходниот ден, нивниот третман продолжува, што секако ќе трае долго“, посочи докторката.
„Општата состојба на осмиот пациент кој беше примен на респиратор е се уште сериозна“, нагласи директорот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија на Клиничкиот центар на Србија.
Во Србија 29 тешко повредени лица се згрижени и се наоѓаат во четири здравствени домови – Воената болница и Клинички центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.
