Македонија

(Видео) Сопруга на обвинет обезбедувач на дискотеката во Кочани: Ние сопрузите ги нарековме наши херои

Сопругата на обвинетиот Мартин Георгиев, за трагедијата во Кочани, кој бил обезбедувач на дискоатеката „Пулс“ критичната вечер, изрази сочувство до семејствата на загинатите и кажа дека обезбедувачите

„Сакам да изразам најдлабоко сочувство и побрзо оздравување на сите деца кои се во сите клиники низ светот. Целта на собирот, не е протест, сакаме да изразиме длабоко сочувство, почит кон оние кои помагаа да се спасат други деца. Сакам да го споменам прво Иле, шофер на Брзата помош, легнал и од тага не се разбудил. Сакам да се заблагодарам на сите други луѓе, од кои дел не се помеѓу нас. Целта е да ги поддржиме нашите сопрузи, ние ги нарековме нашите херои, ако не биле тие ќе имало уште многу загинати лица“, рече сопругата на обезбедувачот.

Присутните, држеа транспаренти преку кои побараа слобода.

„Слобода за нашите херои“, пишува на еден од нив.

На почеток