На 25.03.2019 во 12.20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ – Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва. Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.