Вчера во текот на денот на улицата „Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир, откако дошло до тепачка помеѓу четири лица, од едната страна биле две лица едно на возраст од 18 години, другиот на возраст од 30 години , а од другата страна еден маж на возраст од 45 години и момче на возраст од 23 години, инфрмираа од полицијата.
До тепачката допло по претходна вербална расправија меѓу лица поради давања првенство на минување во сообраќајот. А едно од лицата поради добиени телесни повреди од тепачката завршило и во општата болница „8-ми Септември“.
Од полицијата посочија дека се работи на целосно расчистување на случајот.