Македонија

Изгоре кровот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ноќта на 16 октомври, во објектот котларница од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела.

Како што информираат од МВР, во моментот на пожарот котларнцата не била во функција, односно не работела и нема повредени лица.

Од страна на противпожарна единица од Тетово, пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа и се работи на целосно расчистување на случајот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top