Свет

Турската полиција ги бара останките од новинарот Кашоги во шума и околината крај Истанбул

Турската полиција ја пребарува шумата крај Истанбул и околината на градот на брегот на Мраморното Море за да ги открие останките на судискиот новинар, кој исчезна пред две седници откако влезе во Козулатот на саудиска Арабија во Истанбул.Тоа синоќа го соопштија две турски официјални лица, кои побараа од медиумите да бидат анонимни.

При претресот на саудискиот конзулат и резиденцијата на конзулот во Истанбул, истражителите пронајдоа „многу примероци“ и се обидуваат да најдат траги од ДНК од новинарот Џамал Кашоги, вели високопозициониран извор.

Според него, опсегот на пребарувањата е проширен откако биле утврдени маршрутите и возилата кои биле на 2 октомври пред конзулатот, вој кој Кашоги бил виден последен пат.

Можно е убијците да го фрлиле трупот во Белградската шума во близина на Истанбул или во напуштена област околу градот Јалова, на 90 километри јужно од Истанбул, велат неименувани извори

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток