Коментари

Најчевска до Сиљановска: Преку ноќ стана најпобожен човек во државата?

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи коментира дека кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давнова имала комунистичка идеологија и вели дека преку ноќ станала побожна.

„Јас сум некаде на пола пат меѓу скептик и атеист. Од секогаш сум била и многу е мала веројатноста дека ќе се променам.
Ги разбирам и прифаќам различните верски убедувања. Сакам да разговарам за религијата и ја почитувам хуманата димензија на религиите и филозофската нишка на објаснување на односите меѓу луѓето. Не ги сакам институциите кои стојат зад различните религии и нивната недуховност.
Меѓутоа она што навистина ме вади од кожа се верниците – опортунисти.

Оние кои во едно друго време се претставувале како следбеници на комунистичката идеологија, а кои нагло преку ноќ стануваат најпобожни луѓе во државата. Не ја сакам нивната прорачунатост и неприкриениот популизам и измотавањето со религијата. Тие би требало да бидат најголема навреда за секој вистински верник и пример за тоа како се злоупотребува религијата. Посебно вакви кои нагло чувствуваат потреба да се тратуваат врз икони и да палат по десетина свеќи одеднаш, а кои појма немаат што и зошто прават. Тоа се луѓе кои никогаш нема да ја имаат мојата верба, а не треба да ја имаат ни вашата, затоа што ако еднаш излажале која е гаранцијата дека тоа нема да го направат повторно“, пишува Најчевска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток