Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, се огласи на својот Фејсбук профил по повод две години од „крвавиот четврток“ во Собранието на Република Македонија.
„Ова ЗЛО никогаш да не се повтори !!!
Вредеше да се жртвуваме за светлата иднина на нашата земја и иднината на нашите деца и идните генерации!!!
Сетете се каде бевме пред две години и каде сме денеска, по само две години.
Вие решавате дали сакате да ни се вратат повторно ваквите сцени и слики, или пак сакате ЗАЕДНО да одиме НАПРЕД таму каде што припаѓаме, во НАТО И ЕУ!!!“, стои во објавата.
