„СДСМ сега имаат сосема комотна позиција со 80 пратеници кои можат да ги натераат да гласаат за нив и претседател. Покрај зголемената слобода во медиумите (а не е тешко да си поголем демократ од Груевски) други поважни реформи изостанаа на внатрешен план. Уште се истите судии кои сега се приклонија кон власта, уште има партизација на администрацијата (Антикорупциска демек проработе, ќе видиме дали ќе е тоа и после избори), уште се делат тендери по заслуга, нема ревизии на работењето на општините минатата декада (и кај се воопшто обвинетите Двојче, Сокол Митревски и слични), пак се штанаат ДУП-ови… И најболното, нема правда. Денес е 5-ти мај, денот кога полицијата упадна во читална и се изживуваше над студенти. Барем јас колку што знам нема никој казнет ни по командна одговорност, а полицајците сигурно уште се на работа. Ова е само од денешен ден пред години. Имаат две години да ја донесат правдата што ја ветија“, пишува твитерџијата Божидар Божиновски
