Македонија

Вчера гласаа „ЗА“ – в понеделник Мукоски, Василевски и Арнаудов на судење за собраниските инциденти

Обвинети во судски постапки и пратеници. За пристапување кон уставни измени, гласаа „ЗА“ и опозициските народни избраници – Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои се обвиенти за „крвавиот четврток“, Елизабета Канческа Милевска обвинета во предмет на СЈО „Тендери“, Владанка Авировиќ, мајка на Василие Авировиќ кој е осуден со првостепена пресуда во случајот „Трист“, Зеќир Рамчиловиќ, кој ги организираше протестите пред СЈО кога обвинителството го отвори предметот „Труст“. „ЗА“ гласаа и пратеничките Нола Исмајлоска Ставрова и Емилија Александрова.

Осумтемина опозициски пратеници бараат гаранција доколку Грција не го ратификува договорот од Преспа и повторно ги попречува евроатланските интеграции да има понишување на сите прифатени уставни амандмани, постепена промена на името за внатрешна употреба, прифаќање на македонскиот идентитет.

„Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 год., за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување“, се наведува во соопштението на осумтемина опозициски пратеници.

 Сепак, националното помирување предложено од премиерот Зоран Заев нема да има никакво влијание врз судските постапки, коментираат за 1ТВ адвокати на пратениците. Судските рочишта продолжуваат и од понеделник. Обвинетите народни избраници за „крвавиот четврток“ за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, повторно ќе треба да седнат на обвинителна клупа в понеделник во 10 часот. На судењето за собраниските инциденти ќе се презентираат материјални докази, откако претходно заврши распитот на сведоците, со последниот, загрозениот сведок.

На пратениците Мукоски, Василевски и Арнаудов, кои неделава излегоа од домашен притвор, не им се достапни телефоните.

„Го добивте мејли оставете порака по звучниот сигнал“, телефонска секретарка

„Јас сум на судски процес“, изјави во вторникот пратеникот Сашо Василевски без да даде одговор дали ќе гласа за уставните измени во Собрание.

„Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија и на македонскиот народ“, изјави во вторникот пратеникот Љубен Арнаудов, одговарајќи на новинарско прашање – дали би гласале за уставни измени во замена за амнестија.

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска на 29 октомври ќе треба да седне на обвинителна клупа за случајот на СЈО „Тендери“./

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток