Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување на штетни глодари на својата територија.
„Со истата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници. Работните активности на терен ги изврши фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и Канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина“, велат од општина Кисела Вода.
Акцијата за уништување на штетните глодари спроведува два пати годишно, на пролет и на есен.
