Поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.
„Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката“, изјави Антиќ
Оваа функција досега ја вршеше Петар Наумоски.
