Македонија

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ е поразено

,,Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против членството во ЕУ и НАТО, против напредокот, против иднината“, велат од владејачката СДСМ.

Според нив, граѓаните и мнозинството од пратениците ги победија Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ги спречија нивните намери да ја закочат македонската иднина.

„Гласот на 80 те пратеници за уставните измени истовремено е и глас против изолацијата, против поделбите и неизвесноста во која Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат Македонија.

Колку и тоа да не му се допаѓа на ова антизападно раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток