Македонија

СДСМ денес на централен одбор за најавените кадровски промени

Централниот одбор на СДСМ денес на седница треба да донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт.

Заев не сака да открива имиња на министрите кои ќе ги зафати „метлата“ но затоа ги смени претседателите на сите општински организации.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиуми рече дека остануваат на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести.

Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток