Македонија

Завршувањето на учебната година во Неготино ќе се прослави со Саша Ковачевиќ

Општина Неготино ќе го слави завршувањето на учебната година со познатата музичка ѕвезда од соседна Србија, Саша Ковачевиќ. Настанот ќе се случува на градскиот плоштад на деветти јуни, а покрај Ковачевиќ, најавени се гостувањата и на ,,2 Бона”, Таско и јутуберите Steffonator и GP.

На 9 јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на ивент агенцијата “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда – Саша Ковачевиќ.
Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително, се вели во соопштението од општина Неготино.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток