Македонија

Објавени нови бомби на ФБ – објавувачот пишува дека ова е само почеток

Не запира објавувањето на нови „бомби“. Денеска на социјалната мрежа фејсбук објавени се неколку нелегално прислушувани разговори. Објавувачот за последната „бомба“ која ја постирал, напишал дека е разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а зборуваат за Блерим Беџети, поранешниот министер за правда, објави Фокус.

Фокус уште пишува дека втората бомба е на албански јазик, а објавувачот тврди дека зборуваат Муса Џафери и Бекир Асани. Објавени се и уште шест бомби, со назнака дека тоа е само почеток.

-Ова е само почеток на публикации на некои прислушувани разговори во кои се вклучени Али Ахмети и Муса Џафери, напишал објавувачот, додавајќи дека кумановската група, мислејќи на осудените за Диво Насеље, поседуваат уште разговори кои ќе бидат објавени, барајќи меѓународна истрага за случајот, за да наводно се откриела улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Профилот на објавувачот на „бомбите“ не е анонимен, има над 2.000 пријатели, а закачени се и повеќе фотографии, со симболот на УЧК.

 

 

*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.

*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток