Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово“.
– Во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“. Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“ – стои во пријавата доставена до СВР Тетово.