Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил упати честитка по повод денешниот празник.
Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно,…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, October 23, 2018
„Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра.
Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба, напиша Мицкоски.