Македонија

Мицкоски бара закон за амнестија

„Ова парче земја раѓало херои. За да пишуваме Македонците гинеле. Оние кои денес сакаат да не оквалификуваат како антизападно ориентирани, нека погледнат во корените и нашата историја, дека додека повеќето барале царства, ВМРО барало република. ВМРО постоело и кога не постоела Македонија“, рече лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор по повод прославата која се оддржа во Македонскиот Народен Театар.

Исто така тој додаде дека СДСМ не исполнија ништо што ветија и дека нема ниту една област каде што се живее подобро. За се што говореа и лажно се бореа, излезе се на површина, видовме дека го сменија уставот и идентитетот, велеа дека ќе бидат против полициското насилство, а видовме како полицијата тепа народ пред собранието.

Мицкоски во својот говор се обрати и до пратениците кои гласаа во собранието за уставни измени.
„Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството и угледот се остава на потомците. Таков сум како човек и како политичар и тешко ми е кога некој се коцка со тоа. И јас сум само човек кој некогаш го совладуваат чувствата. „Црниот петок“ беше еден од најтешките денови во мојот живот, не само затоа што се изгласаа уставните измени во парламентот, туку затоа што во тоа учествуваа 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам денес да се обратам до оние кои не останаа на висината на задачата, не издржаа вашите плеќи иако тврдевте дека на вашите плеќи се држи Македонија. Попуштивте иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле оние со визија, ќе остане фактот дека со вашата крената рака само си ја свиткавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака срцето ми се кинеше. Колку и да се трудите нема да можете да погледенте на народот во очи. Ме изневеривте, ја изневеривте партијата, ја изневеривте вашата татковина Република Македонија. Малку фалеше да издржите, Заев беше готов, вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев. Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме, нели сфативте дека беше готов. Ќе ги победевме коалицијата на Заев, Шекеринска, Вицето и Анѓушев и ќе добиевте фер судење. Обвинетите од 27 април ќе добиеа слобода и правдина. Вие не ми дадовте шанса да го победиме Заев, ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче сите заедно.“, порача Мицкоски.
Исто така тој се обрати и до народот да не ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи одговорноста има име и презиме. Побара од народот, но и од пратениците од редовите на СДСМ кои не се задоволни, да го кренат гласот и да се обединат во отпорот против Зоран Заев.
„Вие одлучувате, имате две можности, една Македонија која тоне заедно со СДСМ, и Македонија која се развива со нова генерација заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Не дозволувајте да исчезне нешто што нашите предци со крв го создавале. Доаѓа подобро време, чекориме кон победата. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најсилниот сојузник на македонскиот народ, ние со нашата преродба и реформа завршивме, стануваме се посилни, имаме храброст и мудрост за да ги оствариме нашите цели. Колку и да се шират дезинформации, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тоа од власта, дел од пратениците тоа лично го признаа“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се обрати до Заев со зборовите „Ајде донесете закон за амнестија за сите учесници од 27 април за да има и неселективна правда и слобода за сите а не само за оние кои вас ви слугуваат“.
„Тажната вистина е дека Македонија го допре дното со Зоран Заев, среќната е дека треба да одиме нагоре. Европеизацијата треба да почне од дома. Да го промениме системот по еворпски стандард, а НАТО и ЕУ се нашата цел“, додаде Христијан Мицкоски.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток