Единствена Македонија го повикува министерот во МВР Оливер Спасовски да престане да ја замајува јавноста со ефтини пропагандистички трикови дека ги гони објавувачите на снимките со незкаонски прислушуваните разговори.
Оливер Спасовски знае или би требало да знае дека во случајов со снимките кои секојдневно излегуваат по социјалните мрежи не е најбитно кој ги објавува, туку, суштествено е кој ги дава снимките на објавувачите.
Да потсетиме, Единствена Македонија во соопштението од 30 мај информираше дека Зоран Заев влегува во опасна авантура за дневно-политички цели и интереси со тоа што снимките кои се пуштаат потекнуваат од Заев кој преку соработници на Службата за државна безбедност ги пушта по потреба во определно време и точно определена цел. Објавуваните снимки се најпервидна конструкција и направија на Службата за држабва безбедност со знаење на Зоран Заев со што излегува на виделина дека Заев своевремено задржал примерок од фајловите со нелегално прислушуваните разговори кои ги предаде на Специјалното обвинителство.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе даде одговор на овие прашања како врвна должност спрема македонската јавност, се вели во сооптението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.