Свет

Американците ги фалат руските бомбардери: Тие се неверојатно моќни и прецизни

Унапредените верзии на руските повеќенаменски ловци “Su-27” и “Su-30” имаат можности кои можат да се споредат со модерните “Su-35S”, пишува “National interest”.

Ловците “Su-27” од првата варијанта заостануваат зад современите авиони по низа карактеристики и полошо се прилагодени за уништување за уништување на копнени цели, се наведува во статијата. Модернизираната верзија на “Su-27SM”, од своја страна, има подобро оружје – бомби со ласерско контролирање, ракети “Iks-29” и “R-77”, што навистина го прави повеќенаменски авион.

Резултат на сеопфатната модернизација е ловецот “Su-27SM3”. На него е поставен радар “Irbis E”, што потенцијално ја намалува способноста за следење на цели на голема далечина, но опремен е со мотори со диригиран векторски потисок, што прави тие ловци да имаат уште поголеми маневарски способности, пишува “National Interest”.

Во статијата се истакнува дека “Su-35S” дефинитивно има најдобри карактеристики од сите три авиони.

“И помалку современите руски ловци во модернизирана варијанта исто така се без грешка и имаат свои предности”, додава авторот на текстот.

Така “Su-27SM3” е многу поевтин од “Su-35” и истовремено има речиси исти можност за гаѓање на цели на големи далечини. “Su-30”, од своја страна, потенцијално е подобар за напад на копнени цели, со оглед на присуството на вториот член на екипажот, оценува “National Interest”.

Меѓутоа, значаен дел од авио-паркот на руските борбени авиони и натаму сочинуваат помалку современите варијанти на тие авиони, но тие ќе бидат модернизирани или заменети за најнови “Su-57”, заклучува весникот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток