Македонија

Општина Студеничани набавува возило за ВИП патници

Во системот на јавни набавки деновиве излезе повикот за заинтересирани за учество на тендер за набавка на репрезентативно возило за ВИП патници, што го распиша Општина Студеничани. Додуша, во набавката бараат половно возило, и тоа строго произведено 2010 година и да е црна металик боја. Основен критериум за избор е најниската понуда.

Во бараните карактеристики, возилото треба да диел, патничко, седан со 4 врати, меѓудругото со автоматски клима со минимум една одделна температурна зона за задните седишта, навигационен систем, фабрички вграден со можност за приказ на информациите за навигација во видно поле на возач, современ систем за озвучување.

Неизвесно е зошто на Општина Студеничани и треба токму репрезентативно возило за ВИП гости. Поточно, какви ВИП гости? Особено што Студеничани е една од општините што добија пари од државниот Буџет за да ги раздолжат наталожените долгови

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток