Македонија

Дескоска: Министеството за правда нема надлежност да разрешува судии

Министеството за правда ниту има надлежност, ниту може да се меша во изборот и разрешувањето на судии, рече министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со посочените четворица судии во Посебниот извештај на СЈО.

– Надлежност на Министерството за правда е да создава критериуми за избор и разрешување на судии. Ние очекуваме, како што очекуваат и сите граѓани Судскиот совет да си ја врши професионално работата и дека ќе ги земе предвид сите укажувања, сите факти и докази што ги даваат релевантни институции во Република Македонија, рече Дескоска пред денешната дебата за Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Таа посочи дека во моментов се работи на последниот пакет измени на Законот за судови и Законот за судски совет што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, па повторно и во Парламентот, а ќе биде разгледуван во Советот за реформи во правосудството.

Специјалното јавно обвинителство во последниот Посебен извештај објави дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток