Македонија

Мажите завршуваат на Токсикологија бидејќи чистеле по дома

Секој ден по едно лице завршува на токсикологија поради мешање на солна киселина и варикина додека чистеле по дома. Од клиниката алармираат дека бројот на пациенти кои што вдишиле отровни гасови последната година драстично е зголемен.

Речиси стана секојдневие, нема дежурство а да не дојдат 1-2 домакинки или домакини како резултат на вдишување на пареа од корозивни средства. Најчесто во домакинството се користат солна киселина и варикина и нашите домаќинки мислат дека ќе постигнат поголем ефект ако ги помешаат овие 2 супстанци. За жал при ова се формира хемиска реакција, при што се ослободуваат страшно иритативни дури и отровни гасови кои предизвикуваат проблеми, изјави д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.

Вдишувањето на опасната хемиска реакција според токсиколозите предизвикува компликации на целиот респираторен систем, а посебно на белите дробови. Ако порано помош од лекарите поради нарушено здравје од корозивните средства за чистење барале само жени, сега тоа го прават и се повеќе мажи.

Возраста е различна и во последните години нема само жени како што беше порано карактеристично, се повеќе и мажи завршуваат после чистење на санитарии, итн.додаде д-р Беќаровски.
Годишно на токсикологија завршуваат и стотина пациенти кои со намера да се отрујат испиле солна киселина или друго средство за чистење.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток