Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев.

СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат. СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани. СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните. Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.

Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука. Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта. Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се иќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

На почеток