Македонија

Отворено писмо до Христијан Мицкоски од страна на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ Демократска фракција во повеќе наврати досега преку соопштенија и изјави на нејзини членови, со добронамерни забелешки, сугестии и предлози се обрати до наметнатото раководство на ДПМНЕ, а сега и директно со отворено писмо до Христијан Мицковски како прв човек на тоа раководство.

Дел од нашите досегашни предлози беа прифатени, а за жал поголемиот дел поради немање храброст се игнорирани или останаа во потсвеста.

Господине Мицковски, без разлика на нашите спротивставени размисли и ставови по однос на одредени прашања, ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција во име на поубавата иднина на партијата и државата, максимално Ве поддржа за неслективно расчистување со криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони желни за власт и сопствен комодитет. Иако ова го очекувавме од Вас и Вашето раководство веднаш по брзиот и нестатутарен конгрес во Валандово, сепак и задоцнетиот Ваш потег од пред неколку дена го поддржавме и го поддржуваме.

Во оваа прилика сакаме да ви укажеме дека Вашата улога во овие случувања не смее да биде епизодна и селективна, туку треба да продолжи со истиот принцип и темпо кон сите кои се огрешиле кон државата, граѓаните и партијата. Притоа очекуваме од Вас и јавно извинување во име на партијата кон сите граѓани на Македонија за сето сторено зло, од изродите во нашата партија. Потребно е да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние кои живееа и профитираа од државата и партијата.

Жалиме за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина криминалниот начин на водење на партијата, злосторствата, непринципиелноста и сите други аномалии на кои укажувавме сиве овие години, а кои не и доликуваат на партија со демохристијанска идеологија. За доброто на државата и партијата за сите директни и индиректни учесници и соучесници очекуваме фер судска разрешеница, а не амнестија. Амнестијата не треба да биде средство за собирање на дневно политички поени или пак давање лажна надеж на обвинетите и осомничените затоа што таа нема да се случи и истата ќе се врати како бумеранг поради досега погрешно водените и неискрени партиски политики исклучиво за спас на кожата на врховната партиска булумента.

Г-дине Мицковски, Демократската фракција смета дека е потребен итен разговор и договор за новите стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното и руинирано партиско ткиво. Лажните и козметички промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток