Магазин

,,Човек пчела” кој е имун на убоди носи 10 килограми пчели на телото

Абдулвахаб Семо, пчелар од градот Ван, на истокот од Турција, одлучил да влезе во Гинисовата книга на рекорди со собирање на најголем број пчели на неговото тело. Тој досега успеал да собере 10 килограми пчели на телото и не планира да се откаже од целта, пишуваат медиумите од регионот повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Се започнало кога тој на интернет наишол да текст за човек кој го соборил светскиот рекорд со најголема количина пчели на своето тело. Тогаш одлучил да тргне во поход на соборување на овoј рекорд.

Досега се обидел три пати. При вториот обид што го направил во 2016 година, успеал да собере шест килограми пчели на телото, а при третиот обид имал 10 килограми пчели.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток