Македонија

Џафери чека известување за нова пратеничка група

Во однос на најавата и можноста за нова пратеничка група од осумте пратеници од опозицијата што ги поддржаа уставните измени, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека Деловникот го дозволува тоа, но тие сè уште не доставиле известување до него како ќе постапат.

– Тие имаат право според Деловникот за работа на Собранието имајќи предвид дека се отцепиле од коалицијата и одлуката на партијата да ги исклучи и, според Деловникот, може да се самоорганизираат имајќи предвид дека се повеќе од пет. Но, од формален аспект треба индивидуално и формално да се изјаснат за својот статус, дека не се дел од коалицијата и потоа со нов акт да ме известат за да може да формираат пратеничка група. Кога и да се изјаснат, нема временска дистанца да го направат тоа – рече Џафери.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток