Македонија

СДСМ: Мицкоски не може да се помири дека конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно се однесува кон најранливите категории граѓани, стиснати во прегратката на Никола Груевски, човекот што 11 години го уништуваше системот на социјална заштита додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминални тендери. Очигледно антинародниот Христијан Мицкоски не може да се помири со тоа што конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија“, велат од владејачката СДСМ.

Оттаму додаваат дека, пионот на Никола Груевски, антизападниот Мицкоски, заглавен во криминалот на неговиот претходник, може да учи што значи вистина грижа за ранливите граѓани и како се гради систем што извлекува од сиромаштија.

„Владата предводена од СДСМ во изминатиот период спроведе низ мерки што обезбедуваат повеќе пари кај семејствата, а се работи и на суштинска реформа на системот за социјална и детска заштита кој ќе има за цел трајно извлекување на граѓаните од сиромаштија. Со реформите на системот на социјална и детска заштита, на почетокот на следната година, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои добиваат гарантирана социјална помош, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе имаат право на овој надоместок.

Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до детскиот додаток и се очекува бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од едвај 3 илјади деца кои сега имаат право на детски додаток. Се воведува детски и образовен додаток, надоместоци кои освен корисниците на гарантираниот минимален приход, право на негово користење ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи.

Дополнително Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени околу 8.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до пензионирање. Јасно е, се спроведува сериозни и сеопфатна реформа на системот за социјална заштита што беше урнисан од носителот на криминалот, Никола Груевски“, стои во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток