Вработен во администрација, не живее во државата, а си добива плата. Овој профил на државен административец беше презентиран од универзитетските професори кои зборуваа на тема реформи на администрацијата. Станува збор за главно таканаречени рамковни вработувања.
Министерот не верува во ова, бројката од 200 административци ја става во друга графа.
Но не се само административците печалбари проблем во администрацијата. Направени се две анализи, а по резулаттаите од нив државата ќе става ред во хаосот, вака се изрази министерот Дамјан Манчевски. Има институции кај кои се преклопуваат надлежности, има органи кои имаат само по еден или по двајца вработени и тие треба да бидат елиминирани.
Реформите според планот и целта не би требало да предизвикаат отпуштања, а доколку се појави вишок вработени ќе се прави договор со приватниот сектор да бидат префрлени таму.