Македонија

Петкоска: Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот

Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за безправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро.Без дозвола гради бетонска база на самиот брег на езерото. Вакво бесправно градење и непочитување на законите од страна на локални моќници е возможно само во вистински режим, како овој на Зоран Заев и криминалната влада која ја предводи, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници. Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот.

Бетонската база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското Езеро кое е природно богатство на Република Македонија.

Ја повикуваме централната влст веднаш да преземе мерки за запирање на ова дивеење сред Охрид, доколку во најкус можен рок ништо не се преземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи.

Законот е јасен и дециден. Дивеењето на урбаната мафија мора да запре. Мора да бидат преземени мерки согласно закон. Секој оној кој сега спротивно на закон го овозможува хаосот и градењето без дозвола ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Република Македонија, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток