За да ги одржува затворените двокатни автобуси, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје вади делови од панорамските автобуси. Од претпријатието велат дека мора така да се постапува поради тоа што не е обезбедено сервисирање за автобусите, известува „Порталб“.
Портпаролката на ЈСП Скопје, Деспина Трајковска, вели дека поголемиот број од новите градски автобуси кои се пуштаат во сообраќај постојано се расипуваат, а пак останатите се демонтирани и од нив се земаат делови за да се поправат автобусите што треба да се пуштат на линиите.
Од обичните автобуси „Лаз“, од 80 во функција се 77. ЈСП има на располагање 20 од постарите автобуси, кои ги пушта на линиите кога ќе се расипат поновите.