Променливо облачно со почести сончеви периоди на североисток. Ќе биде ветровито и ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер најизразен на југозапад и долж Повардарието. Минималната температура од 1 до 7, а максималната од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне, а преку денот ветерот од јужен правец ќе засилува. Температурата во интервал од 4 до 24 степени.
Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд.