Ниту една нова опрема не може да преноќи во Градски парк. Викендов беше уништена инсталацијата на исечените дрвја. Овие минимални интервенции ги разубавија исечените стебла, но вандали се потрудија да ги уништат.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој ги постави фотографиите на неговиот Фб профил, искажа разочараност од однесувањето на поединци.
Идејата на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, е да изработуваат куќички од трупците на старите исушени дрвја низ градот.
Оттаму информираат дека идејата е во иднина, наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земјата, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.