Скопје

Мерните станици во најзагадените општини Гази Баба и Лисиче се уште не работат

Пред неколку дена Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми.

По објавувањето дека овие две мерни станици не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен.

Зошто токму мерните станици во две најзагадени општини не работат? Дали тоа е случајност или пак власта сака да ја сокрие загаденоста во овие две општини.

Пред Владата на СДСМ да дојде на власт имаат ветувано и напишано во програмата „За живот во Македонија“, дека „Република Македонија има мониторинг-систем што го следи загадувањето само на воздухот, но тој систем е крајно нефункционален и ограничен. Ќе го надградиме постојниот систем за мониторинг на воздухот и ќе воспоставиме систем за следење на загадувањето на водите и почвата. Дополнително, ќе ги поврземе тие три системи во еден интегриран систем, чиишто податоци ќе се објавуваат јавно и ќе бидат достапни за граѓаните“.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток