Македонија

Мерко до Заев: Со оглед дека не можам да и излезам во пресрет на бизнис заедницата, вие издавајте дозволи за градба

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ги отстапува надлежностите на Општината во областа на урбанизмот, во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии и спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО на владините институции.

Со писмо, кое беше споделено на официјалната фејсбук страна на Општина Струга тој се обраќа до вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку, до вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, до вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, до заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Имајќи ја предвид мојата отвореност и транспарентност како човек кој доаѓа од бизнис заедницата за кој последните случувања и неможноста да им излезам во пресрет на бизнис заедницата и граѓаните на општина Струга и да им помогнам да го развиеме нашиот град и да опстоиме во неговиот развој и во насока на спроведување на законите на РСМ, како градоначалник на Општина Струга имајќи ги предвид и последните случувања и политичката состојба во државата одлучив да Ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизмот во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО. Се надевам дека Вие како централна власт со вашите капацитети ќе имате подобро разбирање и визија за потребите на бизнис заедницата и општина Струга, стои во писмото.

Струшкиот градоначалник смета дека против него и градот Струга се води негативна кампања, со цел, како што вели, покривање на дивоградбите во Охрид и опасноста која доаѓа со одземање на статусот заштитен град од УНЕСКО на градот Охрид и Охридското Езеро.

– Струга и граѓаните веќе подолго време се изложени на континуирани и неоправдани медиумски и политички напади дека се што се работи во Струга е надвор од Законските одредби и спротивно на интересите на државата, односно интересите на УНЕСКО. Имајќи ја предвид оваа состојба и фактичката состојба во Струга, која укажува на фактот дека и пред моето доаѓање на власт, како и од доаѓањето на власѕт навака не е изградена ниту една дивоградба, а најмалку е направена узурпација на државно земјиште или нанесување на штета на еколошката состојба во градот, стои во писмото на Мерко до ресорните министри.

Како градоначалник, посочува дека е притиснат од од бизнис заедницата и турситичките работници од една страна и континуираното и намерно блокирање на туристичкиот развој и зголемување на туриситчките капацитети во Струга од друга страна, каде, како што е наведено, Министерството за транспорт и врски заедно со Комисијата на УНЕСКО одбиваат да донесат било каква промена за деталните урбанистички планови на цела територија на Општина Струга и намерно го блокираат економскит развој на градот.

– Истовремено ги принудуваат градежните компании да ги затворат нивните фирми, странските инвеститори да се откажат од инвестициите и хотелиерството во општината со што директно ја поттикнуваат емиграцијата на младите надвор од РСМ. Оваа ситуација ги доведува во опасност и постоечките хотелски и угостителски капацитети во Струга и е директна закана за туристичкито развој на општината, пишува во писмото.

За ова одлука на градоначалникот, според напишаното, ќе бидат информирани и дипломатските претставништва со цел да се прекине оваа негативна кампања спрема Струга, Стружани и него како градоначалник, и да се обезбеди непречен развој на градот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток