Свет

(ВИДЕО) На Халкидики експлодирал глисер со кој се возело семејство од Србија

Српско семејство преживува хорор на одмор во Сионија, на Халкидики во Грција. Според грчките медиуми, петочлено семејство од Србија биле в глисер кој се запалил и експлодирал додека се возеле.
Едно од децата било исфрлено во водата од експлозијата, мајката скокнала со двете други деца, а таткото и инструкторот се обиделе да го пренесат глисерот до брегот.
Семејството било пренесено во најблиската болница, а едно од децата е префрлено во клиничкиот центар во Солун.
Грчките крајбрежни служби и полицијата ги испитуваат причините кои довеле до овој настан.

На почеток