Свет

Најмалку три лица загинаа и 15 се повредени на фестивал за храна во Калифорнија

Најмалку три лица се убиени и 15 се повредени во пукање на фестивал за храна во Гилрој, Калифорнија. Полицијата трага по неколкумина осомничени за пукањето.

Фестивалот се одржува секоја година и трае три дена. Гилрој, 176 километри југоисточно од Сан Франциско, е место на илјадници љубители на лук и вкусна храна.

Според очевидци, празникот се претворил во кошмар, луѓето во паника бегале кога се слушнале пукотници.

Дион Брако, член на локалниот општински совет, за „Њујорк тајмс” изјави дека има осомничен за пукањето, околу 30-годишен маж, кој е уапсен.

На почеток