Алпинистка од Босна и Херцеговина (29) се здобила со лесни повреди по удар од гром во Австрија.
Спуштајќи се, таа се задржала на челична сајла, која во моментот изненадно била погодена од молња.
Иако имала болки, продолжила да се симнува. Во меѓувреме побарала помош, а спасувачката екипа успеала да ја лоцира и нејзиниот придружник и да спречи да се случи голема трагедија, бидејќи таа веќе не можела да се движи.
Спасувањето траело четири часа, а девојката била примена во болница во Гмунден.