Свет

(ВИДЕО) Силно невреме на албанското крајбрежје, две лица загинаа

Невремето кое беше најавува за Балканот веќе погоди неколку од земјите во регионот. Во Албанија зафатено е крајбрежјето, а како што јавува телевизијата A2 CNN, две лица ги загубиле животите.

Моторен чамец бил погоден од брановите во Ѓири и Лазит и како последица, лицето кое управувало со чамецот, им подлегнало на повредите во болницата во Драч.

Исто така во Драч го загубила животот и една жена на 50-годишна возраст, која била извлечена од водите од туристите и била однесена во болница каде и починала, а постои сомнеж дека имала здравствени проблеми.

Други туристи во Велипоја, од кои едно од нив било дете, биле спасувани од високите бранови, кои се појавиле како последица од невремето.

Од албанската гранична полиција биле спасувани 14 лица, од кои девет чешки граѓани кои биле блокирани во лагуната во Велипоја.

На почеток