Во Скопје, пред неколку дена, при преуредување на тротоар на Партизански одреди кај Карпош 4 беше пронајден саркофаг од античко време. Под изговор дека саркофагот тука го довлечкал некој нанос, артефактот беше кренат, а наоѓалиштето затрупано и тоа под итно. На местото се работи и денеска, во недела.
Пред неколку месеци, и во Љубљана, на улица Госпостветска, граданочалникот сакал да постави нови канализациски цевки. Ја раскопале улицата и… наишле на антички гробишта. Гробишта како гробишта, што ќе ви се, можеле да ги затрупаат и да продолжат со канализацијата. Но, не, еве погледајте од фотографиите (патем, за наодот словенечките медиуми пишуваат со месеци, а јавноста се гордее, а не се срами од археолошките локалитети) што направиле.
Текстот во целост на: denesen.mk