Македонија

(ФОТО + ВИДЕО) Струга затрупана во смет

Струга стана вистинска депонија. Во екот на летната сезона во Струга никогаш не било позагадено и позатрупано со ѓубре. Стружани бесни на локалната власт и комуналното јавно претпријатие кои очигледно не знае што му е работа, секојдневно на социјлните мрежи објавуваат фотографии од смет натрупат во центарот на градот.

Попладнео беше објавено и видео на кое се гледа како некои граѓани обидувајќи се да го решат проблемот со сметот, прават дополнителен и посериозен.

https://www.facebook.com/kukunes/videos/10219773750515402/UzpfSTExMzY1MzQwMTc6MTAyMTgwMjQ1NzQ5NDI3MTk/

На тема „Струга никогаш не била позагадена и позатрупана со ѓубре“ вчера прес конференција одржа и ОК на ВМРО ДПМНЕ.

„Центарот на градот и чаршијата наликуваат на депонија, а од неа, на далеку се шири непријатна миризба.

Добро сесеќаваме на предизборните ветувања на СДСМ и градоначалникот на град Струга, РамизМерко, дека депонијата ќе биде дислоцирана.

И да е иронијата уште поголема, депонијата е дислоцирана, но за жал,во срцето на градот, посочија од ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

 

На почеток