Движењето Еко герила ќе го пријави советникотод ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, во амбасади и меѓународни организации за нападот врз професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Илјаз Илјази.
Високо го цениме придонесот што г. Илjаз Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина, изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку под очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива.
Ги повикуваме Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат.
Ова реакција ќе ја испратиме и до меѓународните организации и амбасади за да ги потсетиме дека еден од клучните услови за започнување преговори со ЕУ е судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото, велат од Еко Герила.
https://www.facebook.com/ecoguerilla.mk/photos/a.543268205763659/2312219862201809/?type=3&theater
