Попладнево заврши манифестацијата и обраќањата на државните функционери на Мечкин Камен во Крушево, но сликата која луѓето ја оставија за себе е крајно недолична.
Еден куп ќеси, остатоци храна, пластични шишиња се најдоа на зелената површина на Мечкин Камен, оставајќи дамка на денешната прослава.
Ваквата ситуација наиде на лавина негативни коментари на смета на посетителите, а ЈП Комуна – Крушево, заедно со градоначалникот Томе Христоски доцна попладнево го исчистија сето ѓубре оставено на тревата.
