Основното јавно обвинителство Охрид дало наредба полицијата да провери чиј е имотот каде советникот Нефи Усеини гради база за производство на бетон. Според последните информации, се проверувало и дали фирмата на Усеини, која ја гради базата, има договор за закуп со сопстветникот на имотот.
Неофицијално, парцелата на патот Струга-Охрид е во сопственост на Исламската верска заедница, пишува „А1он“, а ја добила преку процес за денационализација пред пет години. Обвинителството го документира предметот преку кој треба да се утврди дали градбата е нелегална.