Актуелно

Зошто не е определен притвор за Катица која форматираше телефони?, прашува ексобвинителот Александар Наков

Експертите имаат голем број на забелешки околу истрагата за случајот „Рекет“ фактот што Јанева сеуште не е повикана да даде изјава и отсуството на Јовески, Рускоска и Јанева од државата. Поранешниот судија и обвинител, а сега адвокат, Александар Наков, во изјава за Телма ТВ вели дека Јанева досега морала да биде опфатена со истрагата.

„Како бивш јавен обвинител, ни случајно, јавното обвинителство не смееше да ги запостави работите, односно, да отвори истрага и обвинителите да заминат на одмор. Првиот се споменува себе како име и презиме, вториот како надлежен јавен обвинител кој ја води истрагата. Ни случајно не смееше работата да се остави вака, Катица да замине и да форматира телефони, бидејќи овие работи создаваат сомениние кај луѓето дека истрагата не е водена согласно Законот за кривична постапка. Тука се поставува и круцијалното прашање, зошто према неа не е определен притвор?“, вели Наков во изјава за Телма ТВ.

На почеток