На 09.08.2019 околу 15.30 часот на патниот правец Ресен-Охрид, кај месноста викана „Буково“ настанал пожар во патничко моторно возило ,,БМВ“ со шведски национални регистарски ознаки, управувано од Х.Ш. (33) од с.Бела Црква-Ресен, а живее во Шведска. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од противпожарна единица од Охрид. Повредени лица нема. Увид е извршен од страна на екипа од СВР-Битола.