Актуелно

Јанева не е повикана од Русковска да каже за нејзината улога во „Рекет“

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, не е повикана во Обвинителството со кое раководи Вилма Русковска да даде исказ за случајот „Рекет“. Неофицијално, таа ќе биде повикана откако претходно изјави во својство на сведоци ќе дадат останатите нејзини колеги од СЈО.

Утре, прва исказ ќе даде обвинителката Лиле Стефанова, која треба да сведочи што се случувало со предметот „Империја” кој таа го води. Таа во јавноста веќе соопшти одредени детали околу осцилациите со постапките во тој предмет, кои наводно настанале исклучиво со наредби на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Стефанова, деновиве, преку пишана изјава објавена на страницата на СЈО, директно ја обвини Јанева дека влијаела на истрагата за предметот „Империја“, на тој начин што најпрво инсистирала да се ослободат од притвор осомничените, а потоа предлагала и престанок на истрагата, доколку тие се согласат да ја платат штетата што ја предизвикале.

На почеток