На улица „Александар Урдаревски“ во Скопје избувнал пожар во трафика сопственост на 52-годишниот А.З. од Скопје.
Опожарен бил и надворешен дел од соседна сендвичара.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.
Увид ќе се врши во текот на денот.