Свет

Трамп се вклучува во жестока кампања за поддршка на републиканците за конгресните избори

Американскиот претседаделот Доналд Трамп синоќа ја започна финалната кампања за поддршка на кандидатите на Републиканската пратија за конгресните избори на 6 ноември.

Кампањата на Трамп има за цел да им обезбеди на републиканците да ја задржат контролата над Сенатот, имнајќи предвид дека анкетите укажуваат оти демократите на изборите во вторник најверојатно ќе освојат мнозинство во Претставничкиот дом.

Во деновите што следуваат Трамп ќе настапи на 11 митинзи со негови поддржувачи, во осум американски сојузни држави.

Во првиот негов настап на предизборен митинг, Трамп покажа деке нема намера да се откаже од нему познатата реторика што му обезбеди победа на изборите во 2016 година. На собир пред полн стадион во градот Естеро во Флорида, тој вети дека ќе испрати повеќе војници на границата со Мексико за спрелчување на илегалната имиграција, ги нарече своите опоненти „социјалисти“ и потенцира дека за половина од населението во земјата медиумите се „напријатели на народот“.

Тој повторно истакна дека има намера да го укине право на стекнување државјанство по местото на раѓање, гарантирано со 14-от Амандан на Уставот на САД, со кое децата родени на американска територија автоматски добиваат државјанство, независно од статусот на родителите. Согласно законот, исклучок од тоа правило се децата на дипломатите.

– Ова е луда политика, и тие (децата) веднаш добиваат право да примат помош која чини милијарди долари годишно, изјави Трамп, додавајќи дека таа политика креирала цела индустрија на „породилен туризам“. Набљудувачите сметаат дека антимигранстката реторика на Трамп може да ги чини пораз републиканците на изборите на 6 ноември.

Прашањето за укинување на ова правото на државјанство е „коска на раздор“ помеѓу републиканскиот табор. Така, претсадавачот на Претставничкиот дом, републиканецот Пол Рајан, изјави дека претседателот нема надлежности да го укине ова право.

На оваа забелешка на Рајан, Трамп во објава на Твитер напиша: „Пол Рајан треба да се фокусира на зачувување на мнозинството наместо да споделува мислења по повод државјанството и правото на потекло, за што ништо не знае”.

Извор за вашингтонското издание на „Политико“ на почетокот на наделева соопшти дека во случај резултатите од изборите на 6 ноември да се неповолни за републиканците, претседателот е подготвен вината за тоа да ја префрли на Рајан и лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел.

Истражувачки центри од неколку универзитети неделава објавија свои прогнози за изборите. Сите се единствени во оценката дека на изборите контролата над Претставничкиот дом ќе премине во рацете на демократите.

Според оценките на професорот од колеџот во Дартмут, Џозеф Бафуми, по 6 ноември опозиционерите на Трамп ќе добијат 221 место во Долниот дом на Конгресот. За мнозинство се потребни 218 места. Математичкиот модел што го претстави професорот од Универзитетот Бафало, Џејмс Кембел, прогнозира дека демократите ќе освојат 257 мандати во Претставничкиот дом.

Од друга страна, прогнозите објавени неделава укажуваат дека демократите немаат шанса за победа во гориот дом на Конгресот – Сенатот.

– Не очекуваме никакви промени во Сенатот. Има можност тие (демократите) да „избоксуваат“ едно дополнително место, но шансите за тоа се мошне мали, изјави Мајкл Луис-Бек од универзитетот во Ајова.

Најверојатно ова стојалиште го споделуваат и во Белата Куќа.

Додека Пол Рајан и други истакнати републиканци агитираат во клучните окрузи за изборите во Конгресот, претседателот Трамп одлучи да го насочи своето внимание на изборите во Сенатот.  Во деновите што следат, тој ќе настапи во сојузните држави Индијана, Мисури и Флорида, каде репбликанските кандидати имаат најголеми шанси за успех, а исто така и во државите Џорџија и Охајо, каде се водат неизвесни трки за позицијата гувернер.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток